Back to All Events

Ре-Култура


  • Bookva and Ilika 3 Luj Paster Skopje, SK, 1000 North Macedonia (map)

РЕ-КУЛТУРА #2 – фестивал за младинска, алтернативна и критичка култура

Првиот септемвриски ден е соодветна прилика да најавиме нешто што ќе се случува за точно 25 дена! Со огромна радост го најавуваме второто издание на фестивалот за младинска, алтернативна и критичка култура „РЕ-КУЛТУРА“ во организација на Здружението за афирмација на младинската култура „КУЛТУРА БЕТА“ во соработка со кафе-книжарниците @bookva.mk и @ilika.books ❤️

📚 Претфестивалските активности се веќе започнати со донаторската акција на стари книги, плочи и цедеа што може секој да ги донира во кафе-книжарницата „Илика“ од понеделник-сабота од 8-13 часот и од 17-22 часот. Сите донирани нешта ќе бидат изложени на донаторскиот базар на фестивалот, а собраните донации ќе бидат користени за вложување во нови настани и изданија на „Култура Бета“

👉🏻Донаторски базар, промоции на книги, дискусија, свирки, диџеј сетови, изложби, работилници, џем сешн и поетски читања – два дена, целодневна програма!

26.9.2025 | 18:00 | @bookva.mk - УМЕТНИКОТ КАКО АКТИВИСТ: ИЗБОР ИЛИ ПОТРЕБА :::: Дискусија

Пред промоцијата на „Тригер“, организираме дискусија на тема „Уметникот како активист: Избор или потреба“ модерирана од Калина Качоровска, уредничка на „Култура Бета“.

✨ ПРОМОЦИЈА НА ТРИГЕР, прв број од списанието за општа култура на „Култура Бета“

Првата вечер од фестивалот „Ре-култура“ ја посветуваме на промоцијата на првиот број на списанието за општа култура „ТРИГЕР“.

👀 Ова издание ќе го промовираат Душица Лазова, уредничка на феминистичката платофрма „Медуза“ и Ирена Стевановска, уредничка на музичката платформа „Монотон“. Ќе разговараат со двајца од редакцијата на „Тригер“, Марија Велинова и Андреј Медиќ Лазаревски.

26.9.2025 | 21:00 | @bookva.mk - 🥁🎤ОТВОРЕНА СЦЕНА НА РЕ-КУЛТУРА: Џем сешн + отворен микрофон

На ова издание на „Ре-култура“ го повторуваме поетско-музичкиот џем сешм каде што секој може да се вклучи!

✨ За загревање свират Борјан Гаговски, Дарио Циевски и Меј, а читаат Гала Матевска, Милена Сиљаноска, Ива Петреска, Андреј Ал-Асади, Ана Тодоровска, Марија Ангеловска, Викторија Ангеловска и Андреј Медиќ Лазаревски...а потоа и секој друг што сака може да се вклучи со своја поезија или инструмент!

Џемајте со нас! 26.9., петок!

27.9.2025 | 12:00-19:00 | @ilika.books - 📸🕺🏻 НЕПРЕКИНАТО ДВИЖЕЊЕ: ИЗЛОЖБА НА КОНЦЕРТНА ФОТОГРАФИЈА

Во текот на вториот ден од фестивалот „Ре-култура“ во дворот на кафе-книжарницата „Илика“ ќе биде поставена групна изложба посветена на концертната фотографија. На изложбата ќе бидат претставени четворица млади фотографки и фотографи кои се занимаваат со оваа тематика, а станува збор за Емилија Трајковска, Кристина Филипоска, Сара Богоева и Никола Атанасов.


27.9.2025 | 12:00 | @ilika.books - 🌸 ДЕНСКИ ДЕНС СО ИВЧЕ ВО ИЛИКА!


Започнуваме со најавите на настаните од второто издание на Фестивалот за младинска, алтернативна и критичка култура „Ре-култура“!

Вториот ден од фестивалот го отвора нашата другарка Ивана Јовановска со нејзиниот музички избор за денсање во дворот на кафе-книжарницата „Илика“.

Започнуваме со најавите на настаните од второто издание на Фестивалот за младинска, алтернативна и критичка култура „Ре-култура“!

Вториот ден од фестивалот го отвора нашата другарка Ивана Јовановска со нејзиниот музички избор за денсање во дворот на кафе-книжарницата „Илика“.

27.9.2025 | 17:30 | @ilika.books - 😈 ИШ И ЈАС ВО ИЛИКА: Мини-концерт

Во рамки на програмата од вториот ден, на „Ре-култура“, ќе настапи Марко Печеновиќ а.к.а. Иш и јас! Дворот на „Илика" ќе звучи добро – дојдете!

27.9.2025 | 18:00 | @bookva.mk - ⭐ ХАНА И БОРИС ВО ДИЈАЛОГ ЗА СИРИСКА ПРОТЕСТНА МУЗИКА

Во рамки на програмата од вториот ден, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи разговор за сириска протестна музика што ќе го водат Марија Хана Трајкоска и Борис Дебси.

Previous
Previous
September 20

Микрофестивал Бостание - Градини во заедништвото

Next
Next
September 27

Skopje Vinyl Convention