Back to All Events

Сепак се врти - Охрид

  • Центар за култура Григор Прличев 6000 Кеј Македонија Ohrid, Municipality of Ohrid, 6000 North Macedonia (map)

Програма:

Алембик
Големата вода
Персеида
Кокиче

Големата вода:
🪨 Бетонските лавирнти и прашливиот хаос на Скопје ги обликуваа умот, рацете и нозете на оваа четворка од Скопје. „Големата Вода” се млад бенд со импресивни вештини и незаборавни мелодии, кој сo секој свој настап ве кани и вас да им се придружите во игра, во чувстување и во запрашување. „Големата Вода” и нивната музика ќе ве преплават со чувства на носталгија и сонливи импресии од бучниот град на нивното детство. Играта помеѓу гласните вокали и фидбекот, меланхоличните и хипнотички мелодии доловува една лична и апстрактна визија за растењето и бидувањето млад човек во брзоплетоста на град како Скопје.
„Сепак се врти” е теренот што го поставивме со надеж дека ќе постане писта за одлетување на младите умови од овој крај. Овој фестивал ги прославува и величи сите млади умови и вешти раце кои се посветени на издигнување на културата во нашите краишта.

🌿Меѓу пукнатините на огромните и задушливи бетонски ѕидови на Скопје, проникна „Кокиче”. Овој бенд глатко и вешто ќе ве одведе на едно топло звучно патување.
Нивната музика е комплексна игра на инструменти во којашто гитарата е разиграна и мелодична, басот може да го почуствувате со сопственото срцебиење, тапаните се динамични и го шараат звучниот просторот кој е целосно e обземен од длабоките и сонливи синтови.
Звукот на „Кокиче” може целосно да го почуствувате само во живо и четворката што стои зад инструментите е спремна да ви го наслика нивниот простран музички пејсаж. На „Сепак се врти” ќе ја прославиме живата музика и заедништвото што таа ја креира.

Алембик:
✨️Стихот „сепак се врти” од песната „Dynamo” од Алембик го инспирираше името на овој фестивал и со тоа даде жар во првиот удар на топката.
Алембик се Виктор Танасковски (електрична и акустична гитара, бас, мандола, вокал и кларинет), Ива Дамјановски (клавијатури, вокал, теремин), Драган Теодосиев (тапани) и Андреа Мирческа (бас и контрабас). Во нивното музичко изразување се преплетуваат традиционални мотиви со современи електронски елементи, создавајќи атмосфера што е истовремено древна и футуристичка.
Алхемијата на различни инструменти и впечатливиот звук на тереминот и волшебните вокали по коишто се најпознати перфектно се вклопуваат со несекојдневните ритми и гитарски текстури, создавајќи хипнотички звучен пејзаж.
Нивната музика не е само за слушање, таа е искуство што се чувствува. „Сепак се врти” е плод на љубовта и трудот на многу луѓе кои напорно работат да го доближат тоа искуство до вас.

Персеида:
🌊 „Персеида” е млад македонски бенд чијашто музика се движи на магливата граница помеѓу сонот и јавето. Нивното изразување е интимно, но и пространо, исполнето со меланхоличност, бујни гитарски слоеви, нежни вокали и пулсирачки ритмови. Стремежот на овој бенд не е само да создава песни, нивниот звук пронаоѓа начин да пропатува низ болните сеќавања на еден човек и да се најде во оние топли засолништа кои се кријат во сите нас. Слоевитите гитарски мелодии кои се мешаат во единечен брановиден звук, се пропратени со сонливи вокали и настанува звукот на „Персеида” кои ќе ги водат брановите на вашето емотивно пловење. Горди сме да ви го претставиме овој млад бенд со исклучителен талент на нашата сцена. Овој фестивал е ридот на којшто го посадуваме семето на културата преку поддршка и прославување на младите и секој што се чувствува така. Ве каниме и вас да ни се придружите во игра.

Previous
Previous
April 25

Концерт на SkyHook

Next
Next
May 3

MDC PRE PARTY